Mk:WikiProject Macedonia/Macedonian place tagging
Правила за означување на населено место
По OSM правилата place=* населените места треба да се означуваат како
- place=city (над 100.000 жители)
- place=town (помеѓу 10.000 и 100.000 жители)
- place=village (под 10.000 жители)
Меѓутоа, во Република Македонија постои закон[1] кој дефинира кој населени места се градови. Поради тоа местата кои по закон се класифицирани како градови треба така и да се означуваат.
Имиња
Имињата треба да се означуваат на следниот начин:
name = Со кирилично писмо за Македонските топоними
int_name = Со транслитерација на кирилицата во Македонска латиница
name:en = Англиско име/превод (таму каде тоа има смисла) или со траскрипција користејќи само букви од Англискиот Јазик - како што се прави (ASCII)
name:xx = превод на некој специфичен јазик (на пр. name:de Mazedonien за граница, итн.)
За транслитерација[2] од Кирилица на Латиница:
name | int_name | name:en |
Ѓ, ѓ | Ǵ, ģ (не Đ, đ како во Српскиот или Хрватскиот) | Gj, gj |
Ж, ж | Ž, ž | Zh, zh |
Ѕ, ѕ | Dz, dz | Dz, dz |
Љ | Lj, lj или Ĺ, ĺ | Lj, lj |
Њ | Nj, nj, или Ń, ń | Nj, nj |
Ќ, ќ | Ḱ, ḱ (не Ć, ć како во Српскиот или Хрватскиот) | Kj, kj |
Ч, ч | Č, č | Ch, ch |
Џ, џ | Dž, dž | Dj, dj |
Ш, ш | Š, š | Sh, sh |
При мапирањето, треба да се држиме колку што е можно до принципот за "реалноста на теренот", односно колку што е можно повеќе да се ставаат називи земени од теренот (како ги имаме забележено). Овој принцип ќе помогне во разрешување на можни спорови околу именувањето.
Како пример ќе го земеме Крушево:
name=Крушево
int_name=Kruševo
name:en=Krushevo
name:sq=Krusheva
name:tr=Kruşova
name:gr=Κρουσοβώς
Референци
- ↑ http://www.slvesnik.com.mk/Issues/9D37AEDC6F890F40A8795ED71D0C72A9.pdf "Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во РМ"
- ↑ "Транслитерација на македонското писмо